“ТОТАЛЕН РАСПАД И ХАОС“ – Новиот план на Александар Вучиќ доаѓа директно од ‘кујната’ на Слободан Милошевиќ и Владимир Путин: “Ни се обраќа како да е во кафана, тој е кукавица!“
По страшните трагични масакри од основното училиште во Белград и во селото кај областа Младеновац, Србија се уште е во шок, а се се претвори во политичко надмудрување и натпревар во кој дури и жртвите се дел од страшните кампањи во борбата на Александар Вучиќ да остане на власт и да се справи со и онака не-ефикасната опозиција, но и згрозените и збунети граѓани.
Претседателот на Србија лицемерно претвори две страшни трагедии во „приказна за сопствената ранливост“, без ниту тој, ниту голем дел од јавноста да праша дали бегството од соочувањето со неговата одговорност за злосторствата од 90-тите години или нивното негирање е вткаено во денешната реалност и криминализацијата на српското општество и неговата голема националистичка парадигма.
Александар Вучиќ за само шест дена дури пет пати и се обрати на српската јавност, најмногу преку медиумите, кои многумина во Србија ги посочуваат како еден од предизвикувачите и соучесниците за страшната трагедија. Александар Вучиќ преку овие претстави се справуваше со неистомислениците во Србија и регионот и не покажуваше никаква емоција или сочувство кон невините жртви, ниту се обидуваше да најде социјални причини за тоа што се случило.
Откако околу 50.000 збунети и шокирани демонстранти излегоа на улиците на Белград, а за денеска се подготвува уште еден граѓанско-опозициски митинг, Александар Вучиќ само знае да одговори со закани кон опозицијата и обвинувања од неговата „уста“. Неговите медиуми го вклучија механизмот и веќе го најавуваат овој „величествен собир“ за поддршка на „актуелната политика“ која се грижи за Србија.
Александар Вучиќ го организира својот митинг за 26. мај, ден пред конгресот на неговата партија СНС, каде би можел да распише предвремени избори или да најави формирање на нова „српска“ политичка организација или движење. Се претпоставува дека би можел да ги обедини сите избори – претседателски, парламентарни и локални – и само да се префрли од претседателската на премиерската фотелја со фараонски овластувања, кои веќе ги има. Сепак, тоа зависи само од него и неговата перцепција на ситуацијата.
Сето ова покажува дека Александар Вучиќ, иако ги користи излитените авторитарни методи на Владимир Путин, Виктор Орбан или според многумина неговиот „идол“ Слободан Милошевиќ, од кој има голем кошмар да не ја доживее неговата судбина, а на неговиот неславен и хаотичен пад тој сигурно се сеќава.
Покрај целосната некохерентност и популистичкото издигнување на себеси како „вистинска и прва жртва“ на луди убиствени кампањи, Александар Вучиќ покажа и голема количина на кукавичлук во овие трагични моменти, што е спротивно на „лидерските амбиции“ што ги наметнува на неговата јавност. Александар Вучиќ кукавички избегна да дојде и да запали свеќа на местото на страшните крвави напади, пред училиштето „Владислав Рибникар“, очигледно во страв од реакцијата на јавноста, односно луѓето кои се собраа на тие места и им оддадоа почит на децата жртви. Оттука и српскиот антрополог Иван Чоловиќ во српскиот неделник Vreme вели дека – „во него нема ни трошка емпатија, нема милост, нема сочувство“. Според Иван Чоловиќ – „Александар Вучиќ никогаш не ни се обраќал во Србија како што вистински претседател им се обраќа на граѓаните, туку секогаш како лут сопственик на гостилница кој им вика на келнерите, готвачите и другиот персонал и им се заканува“.
Александар Вучиќ уште еднаш ќе го искористи „Косовското прашање“ и, иако и самиот е свесен дека тоа е залудна реанимација на веќе распаднато тело, ќе прибегне кон реториката и хистеријата на Владимир Путин за „загрозување на Србите и Србија“ и ќе го засили општиот мобинг на населението и атмосферата на катастрофа и пропаст.
Сепак, тој оди кон својот крај, но прашање е колку долго може да трае. И еден пример од поновата историја: романскиот „диктарор“ Николае Чаушеску собра илјадници луѓе да му аплаудираат и да му се восхитуваат под неговиот прозорец, а сите знаат како тоа заврши.