ТОТАЛЕН ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА! Закани со бомби низ Берлин – училишта, станици, медиуми: “Ова доаѓа од Хамас!“
Неколку институции во Берлин објавија закани за бомби, откако слични закани беа упатени до неколку училишта и медиуми во други делови на Германија во понеделникот и денес во вторник.
Полицијата во вторникот соопшти дека е погодена главната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператор „Дојче Бан“ во текот на ноќта добил заканувачки мејлови, потврди утрово портпаролката на полицијата.
Полицијата потоа ги засилила силите на Централната станица и ја проценувала опасната состојба. На крајот се претпоставува дека патниците не се во животна опасност.
Покрај тоа, полицијата објави дека телевизиската станица RTL и куќата „Вили Брант“, седиштето на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, исто така биле изложени на закана за бомба.
Бил повикан Државниот завод за криминалистичка полиција, но полицијата засега не соопштува дополнителни детали.
Во понеделникот и вторникот беа упатени закани до бројни училишта низ Германија, како и до радио станиците и јавната телевизија ZDF. Во некои случаи, полицијата ја наведе палестинската милитантна група Хамас како извор на заканите.
Последните денови безбедносната ситуација во Германија е тензична поради војната во Израел, а подигнат е и степенот на заштита на објектите кои припаѓаат на еврејската заедница.
Членовите на медиумите беа нападнати во неколку наврати во последните денови на забранети пропалестински протести. Пропалестинските организации ги критикуваат медиумите во Германија за нивното еднострано покривање на конфликтот во Израел.