Тоти: Ако Меси играше за Рома 25 години, немаше да освои ниту една Златна топка

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти ја спореди својата кариера со феноменалниот Лионел Меси, но тоа нема да им се допадне на навивачите на Аргентинецот.

Тоти целата своја кариера, 25 години, ја помина во Рома, каде што беше и нивни долгогодишен капитен. Во подкаст тој рече дека Меси немаше да освои ниту една Златна топка доколку толку долго играше за Вучица.

„Ставете го Меси во Рома 25 години и кажи ми колку Златни топки би освоил. Дали би освоил десет? Знаете ли колку би освоил? Нула“, рече Тоти на подкастот Que Viva el Futbol.

По оваа изјава водителот го прекина и му кажа дека не ја освоил Златната топка бидејќи одбил да се пресели во Реал Мадрид, но Франческо му рекол дека наградата не му треба.

“Не ми треба Златната топка. Освоив сè со Рома во текот на 25 години, тоа е мојата победа. Не жалам за ништо”, беше јасен Тоти.

Сепак, неговата споредба со Меси изненади многумина, бидејќи тој покажа голема почит кон Аргентинецот велејќи дека тој е единствениот кој може да го носи дресот со број 10 на Рома.