Тошковски: Дозвола за оружје ќе добијат само оние кои ги исполнуваат сите услови

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за убиствата во последните неколку дена и присуството на оружје меѓу граѓаните. Тој рече дека полицијата е силно посветена да се справи со овој проблем.

„Само во текот на 2024 година Министерството за внатрешни работи заплени 104 парчиња оружје, од кои девет автоматски парчиња оружје, 39 пиштоли, 35 ловечки пушки итн. Криминалот бил, има и ќе биде. Прашање е како безбедносните служби ќе одговорат на тој криминал. Дали многупати како досега ќе биде соработник или ќе одговори на вистински начин и ќе даде се од себе и за два часа ќе ги уапси сторителите што го извршија убиството за пример во трговскиот центар Мавровасја“, рече министерот Тошковски.

Запрашан дали може да се покрене акција за предавање оружје и зајакнување на мерките за поседување оружје, кој треба да го има, а кој не, министерот Тошковски нагласи дека треба да се работи на тоа кој може да поседува оружје кај нас.

„Веќе интензивно работиме да дознаеме како МВР до сега давало дозволи за оружје. Секој граѓанин кој побарал дозвола, особено ловџиите, знае дека се злоупотребени овластувањата дадени од законодавецот и интензивно се работи на утврдување како е дозволено да се привилегира лице за добивање дозвола, да се даваат дозволи на лица кои , според законот не треба да им се дава“.

„Ќе истражиме и ќе преземеме соодветни мерки. Над 5.000 луѓе не можеле да добијат дозвола иако ги исполнувале условите. Во иднина ќе воспоставиме јасна и прецизна процедура за набавка на оружје исклучиво за граѓаните кои ги исполнуваат сите законски услови за ова“, рече министерот Тошковски.