Тошковски: Најмалку 51 лице загина во трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти детали за трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани.

Тој рече дека бројот на загинати е најмалку 51 лице.

Тошковски рече дека според првичните информации пожарот избувнал во 02:35 по полноќ, од искри од сценски огномет кој потоа се запалил на таванот кој бил изработен од запалив материјал.

Министерот вели дека неколку лица се уапсени.

Тој побара разбирање од медиумите при известувањето за овој случај, притоа посочувајќи дека секој инволвиран во оваа трагедија ќе одговара.