Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека од денеска во МВР ќе започне посебна акција која е насочена кон безбедноста на Скопје и предупредува на големо присуство на полицијата на терен.
Тој нагласува дека тоа е затоа што МВР сака да ја врати безбедноста како што треба.
„Од денеска официјално им објавуваме војна на криминалците на кои претходната власт толку многу им дозволи и во Скопје и на територијата на Македонија“, рече тој.
Според него, нема да има привилегирани лица и секој што го прекршил законот ќе одговара.