Тошковски: Родителите на жртвите во Кочани имаат право да бараат, а институциите се должни да дадат одговори
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес, како одговор на прашање од новинарите во врска со обвинувањата на родителите на жртвите од пожарот во Кочани за полициска неактивност и за наводно заштитување на началниците, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, додека институциите се должни да најдат одговори.
„Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се оние кои, заедно со сите нас, страдаат, се тажни и повредени од она што се случува во Македонија, и тие се најмногу повредени. Тие исто така имаат право да бараат одговори, додека институциите се должни да најдат одговори. И тие ќе дадат одговори“, нагласи Тошковски.
Тој изрази уверување дека Јавното обвинителство, кое во оваа ситуација презема сите потребни дејствија, како во работата на Основното јавно обвинителство, така и во работата на Обвинителството за организиран криминал, ќе даде одговори на сите прашања што ги поставуваат родителите и целото јавно мислење на Македонија.
„Но, не можам, а да не споменам дека само Бог, на крајот од целиот овој процес, ќе биде оној што ќе ја суди секоја солза што непотребно ја пролеал народот на Македонија поради фактот што некои политичко-дегенерици постојано се обидуваат, намерно, да го манипулираат народот на Македонија, а особено родителите“, рече Тошковски.