Тој беше најсуровиот сериски убиец во историјата! Убил над 30 жени, а тоа што го направи со телата потоа е одвратно
Серискиот убиец Тед Банди уби 30 жени помеѓу февруари 1974 и февруари 1978 година, а се верува дека вистинскиот број на неговите жртви е уште поголем.
Тој често им приоѓал на жените на јавни места, ги шармирал или дури глумел повреда, а потоа ги намамил во некој оддалечен дел од градот и ги убивал. Банди бил осуден за 30 убиства, а по два обиди да избега од затвор, бил погубен во 1989 година.
Тој привлекуваше жртви на својот изглед
Елизабет Кендал, поранешната девојка на серискиот убиец Тед Банди, во документарен филм по 40 години открила како изгледала нивната врска и како помогнала да се изведе пред лицето на правдата. Таа, исто така, најави реиздание на нејзините мемоари од 1981 година, во кои опишува застрашувачки детали од периодот на нејзиниот живот поминат заедно со масовниот убиец.
Книгата „Phantom Prince: My Life with Ted Bundy“ е посветена на романсата на Елизабета со Банди. Иако Елизабет прва го пријавила Банди во полиција, таа тврди дека со години не знаела ништо за монструозните злосторства на нејзиното момче, кое го запознала во ресторан во Сиетл во октомври 1969 година. Елизабет во тоа време веќе била разведена и сама ја одгледувала својата ќерка Моли.
– Хемијата меѓу нас беше неверојатна – напиша таа во своите мемоари.
Таа признава дека бил многу убав и дека веќе се видела во брак со него и замислувала како ќе се викаат нивните деца. Тие ја поминаа таа ноќ заедно, а тој и подготви појадок, за да ја однесе во Ванкувер следниот викенд. Како што одминуваше времето, Елизабет почна да забележува необични работи за нејзиното ново момче. Еднаш, во една фиока, меѓу неговите работи, нашла женска долна облека и гипс.
– Ако некогаш некому кажеш за тоа, ќе ти ја скинам главата – ѝ рекол.
Три години откако се запознале, Елизабет дознала дека го носи неговото дете, што ја „вознемирило“.
– Двајцата знаевме дека во тој момент не доаѓа предвид потомство – напиша таа.
– Есента требаше да започне правни студии, а јас морав да работам за да го издржувам. Бев вознемиренA. Знаев дека морам да ја прекинам бременоста што е можно поскоро. Тед, сепак, беше задоволен од самиот себе. Направи дете – пишува Елизабет.
Иако никогаш не бил насилен кон неа, Елизабет открива дека и тој можел да ја повреди со изливи на гнев и сурови изјави. Некаде во тоа време, локалните медиуми објавија за човек по име „Тед“ кој вози Фолксваген и кој извршил ужасни злосторства. Еден ден беше објавено дека неговата рака е во гипс, а Елизабет се сети на гипсот во фиоката и се посомнева за прв пат.
Во август 1974 година, таа контактирала со полицијата во Сиетл. Таа им кажала дека во собата на нејзиното момче нашла патерици кои личат на оние што биле користени во последниот напад.
Банди успеал да ја придобие довербата на своите жртви преправајќи се дека скршил коска и дека му е потребна помош. Тој користеше не само лажен гипс, туку и шарм и добар изглед.
Ги чувал трофеите на жртвите кои ги убивал и повторно ги силувал
Тој чувал „трофеи“ од секоја жртва, вклучително и неколку глави кои полицијата ги пронашла во неговиот стан. По убиствата имал сексуални односи со нивните тела.
Банди беше уапсен во 1975 година за киднапирање на Керол Даронк и беше осуден на 15 години затвор. Меѓутоа, тој избегал во 1977 година скокајќи низ прозорецот на затворската библиотека.
Осум дена подоцна полицијата повторно го уапсила, а потоа успеал уште еднаш да побегне. Продолжил да убива, а потоа во 1978 година повторно бил зад решетки.
По повеќе од една деценија енергично негирање, Тед Банди признал 30 убиства во последните месеци, иако вкупниот број на жртви останува непознат. Вообичаено, Банди ја удирал својата жртва и потоа ја давил до смрт. Тој беше обвинет и за силување и некрофилија.
Банди беше погубен на 24 јануари 1989 година во Мајами, Флорида.