Тој беше совршен југословенски напаѓач! Кога му ја отсекоа ногата, рече: ,,Таа не ми треба, со неа не давав голови!” (фото/видео)
На денешен ден, 6 август 1936 година, е роден еден од најдобрите југословенски напаѓачи – легендарниот Дражан Јерковиќ.
Јерковиќ беше неверојатен играч, вистинска напаѓачка перфекција.
Дражан е роден во Шибеник на 6 август 1936 година, а починал на 9 декември 2008 година во Загреб.
Тој израснал во Динамо од Загреб и цел живот бил поврзан со тој клуб. За тимот на Загреб одигра 315 натпревари и постигна 96 голови на првенствени натпревари. Во 1958 година на Динамо му ја донесе титулата шампион на Југославија, а во 1960 и 1965 година го освои Купот Маршал Тито за клубот од Загреб.
Јерковиќ за југословенската репрезентација одигра 21 натпревар и постигна 11 голови. Тој го имаше своето деби во мај 1960 година на пријателски натпревар против Англија. Истата година учествува на првиот завршен турнир од Купот на европските нации во Париз и на натпреварот против Франција постигна два гола и со тоа и’ донесе триумф на југословенската репрезентација во полуфиналето по пресврт (5:4).
Во светската фудбалска историја остана запаметен како најдобар стрелец на Светското првенство во Чиле во 1962 година. Со четири постигнати гола го подели првото место со легендарните Гаринча и Алберт.
Југославија го зазеде одличното четврто место на тој Мундијал.
Беше неверојатен играч – напаѓачка перфекција. Имаше одлично чувство за постигнување голови и напаѓачки позиционирање, но сепак беше несебичен и тимски ориентиран. Неговите познати ножички се прераскажуваат до ден денес, а многумина веруваат дека биле уште попривлечни од оние на Пеле.
Очевидци велат дека целиот стадион грмел во моментот кога Јерковиќ се подготвувал за ножички удар. Тоа беше неговата специјалност, а неговите голови беа веројатно најатрактивните во тој период.
Од 1965 година играше за белгискиот Гант. Во 1970 година се врати во Југославија и влезе во тренерските води. Беше помошник тренер на Миљаниќ на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, а беше и прв селектор на хрватската фудбалска репрезентација.
Ги водеше и Динамо, Вилах, ФК Загреб…
Со години боледуваше од дијабетес мелитус, што доведе до ампутација на левата нога на 2 декември 2008 година.
Се зборува дека веднаш по операцијата тој рекол:
„Во секој случај не ми треба левата нога, никогаш не сум постигнал гол со неа“.
Почина седум дена подоцна во болница во Загреб.