Тој го удри на Ѓоковиќ со шише по глава! Погледнете ја реакцијата на главниот виновник за страшниот инцидент! (ВИДЕО)
Инцидентот што се случи на стадионот Форо Италико во Рим ги запрепасти спортските фанови ширум светот.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби шише во главата по триумфот над Корентан Муте.
Додека тој даваше автограми по натпреварот, од трибините паднало алуминиумско шише и го погоди Србинот право во главата. Новак веднаш падна на колена. Веднаш бил пренесен во амбуланта каде му била санирана расекотијата.
Најпрвин не се знаеше дали Србинот бил погоден намерно или случајно, но подоцна се појави видео од инцидентот од друг агол, на кое јасно се гледа дека шишето случајно паднало од вентилатор и завршило на главата на Новак.
Видеото кое се појави на социјалните мрежи ја покажува реакцијата на главниот виновник. Момчето од чиј ранец испадна шишето беше целосно изгубен, не можеше да поверува што направил.
Погледнете ја неговата реакција: