Станува збор за генерал Рустам Мурадов, кој е поранешен командант на руските сили во Сирија, по што ја извршуваше функцијата шеф на Mировниот контингент во Нагорно Карабах. Тој служеше како командант во Украина од октомври 2022 година, а дојде на позицијата командант на Источната група на сили по нејзиниот неуспех во нападот врз Киев од северозапад на почетокот на инвазијата.
Откако Мурадов стана командант, Источната група на сили доживеа целосно фијаско, претрпе големи загуби и не успеа да го освои Вуледар во Доњецк.
За време на нападот на Вухледар, руската армија загуби 36 тенкови, а за само три дена две елитни поморски бригади, од кои едната веројатно е 155-та поморска пешадиска бригада, а изгубени се 103 парчиња воена опрема.
Десниот националист и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност Игор Гиркин ги нарече оние кои го предводеа нападот на Вуледар глупи идиоти.
Генерал-полковник Андреј Кузменко најверојатно ќе го замени Мурадов како командант на Источниот воен округ, соопшти Институтот за проучување на војната.