“ТОЈ ЗНАЕ БУКВАЛНО СЕ!“ – Ова е човекот од кој зависи судбината на Зеленски: “Не можете да знаете многу за него…“ (фото)
За повеќе од една година, колку што трае војната во Украина, Володимир Зеленски од неискусен популистички политичар прерасна во политичка икона. Без разлика на исходот од руската инвазија, Зеленски (45 г.) многу веројатно ќе влезе во историјата како национален херој.
Преку ноќ се најде во центарот на меѓународното внимание, но не само тој туку и неговата придружба – советници, највисоки функционери, па дури и телохранители. Меѓу нив е и Максим Донец, одговорен на претседателското обезбедување кој секако не очекуваше популарност, пишува Newsweek.
Донец го придружува претседателот на Украина од 2019 година, по победата на Зеленски на изборите. Тој го следеше украинскиот претседател додека тој објавуваше пркосни видеа од улиците на Киев во раните денови на руската инвазија.
Тој беше покрај Зеленски и додека тој ги посетуваше градовите во околината на Киев каде беа откриени сериозни воени злосторства по повлекувањето на руските воени сили во пролетта 2022 година. Можеме да го забележеме на фотографиите со Зеленски во борбени зони како Харков, Херсон и Бахмут.
Секогаш присутниот Донец беше вклучен во безбедносни мерки за време на посетите на странските лидери на Киев. Во декември, Андриј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, ја коментираше посетата на Борис Џонсон, тогашниот британски премиер, кој беше во Киев во април 2022 година.
„На крајот од средбата Џонсон кажа дека би сакал да се прошета. Зеленски се сврте кон одговорниот на обезбедувањето и му кажа дека господинот Џонсон би сакал да шета низ Киев. Одговорниот на обезбедувањето одговорил: Па, господине Џонсон повелете“, откри Јермак.
Јулија Мендел, поранешната портпаролка на Зеленски, за Newsweek изјави дека одговорниот на обезбедувањето на претседателот е „целосно посветен на својата работа, тој е исклучително вреден и посветен на претседателот“.
„Не можете навистина да знаете многу за него и за телохранителите, а ако знаете, не треба да го кажувате тоа“, вели таа.
Украинците го сакаат Донец. Нему му е посветен профил на социјалната мрежа ТикТок кој има 6,2 милиони лајкови и повеќе од 286.000 следбеници.
Малку се знае за одговорниот на обезбедувањето на Зеленски, кој неочекувано стана „секс симбол“, а неодамна за време на неговата посета на САД се мислеше дека е „газдата“ на Зеленски.
Порталот New Voice of Ukraine објави дека Донец има 44 години и по потекло е од Криви Рих, градот во кој пораснал Зеленски. Дипломирал на Економскиот институт Криви Рих на Националниот универзитет Вадим Гетман.
Белорускиот весник Naša Niva пишува дека Донец има сопругата Наталија и син Матвеј, а пред да почне да работи во кабинетот на претседателот бил телохранител на Игор Коломојски, за кој се тврди дека е сопственик на медиумска империја која значително му помогна на Зеленски да победи на изборите во 2019 година.
Назначувањето на Донец за одговорен на обезбедувањето на претседателот предизвика некои загрижености дека Зеленски е премногу близок со Коломојски.
Донец наводно има и диплома од Правниот факултет на Универзитетот во Киев, а неодамна ја одбрани и својата магистратура.
„Го гледа целиот свет околу претседателот, се што се случува. Тој ги знае сите, знае што ќе се случи, секој следен чекор. Претседателот е многу флексибилен, често сака да ги менува плановите. Ова е секогаш предизвик за Донец. Тој знае како да се справи со тоа, а тоа покажува дека е навистина посветен и голем професионалец“, велат од потесниот круг на Зеленски за странските медиуми.
Според Симон Њутн, поранешен британски офицер кој работел на безбедноста за американската нафтена компанија и јапонската влада во Ирак, секогаш присутната опасност во Украина бара голема приспособливост од Донец и неговиот тим.
„Каде и да одат има опасност. Ако не сте флексибилни и снаодливи, тешко дека можете да задоволите во таа работа. Дури и најголемите професионалци не можат да ги предвидат сите ситуации. Треба однапред да го испланирате патувањето, секогаш да користите различни рути, да се движите секогаш во различно време, да не се задржувате премногу долго на одредени места… Вклучува малку среќа и добро расудување“, објасни тој.
Тој посочува дека популарноста е составен дел на таквата работа.
„Тоа е над твоја моќ. Не можете да ги спречите луѓето да ве сликаат, да пишуваат за вас. Ова е засилено во денешно време поради социјалните мрежи. Тоа доаѓа со работата“, вели тој.