“ТОЈ ИМА МНОГУ ЧУДЕН РЕЧНИК!“ – Момчето-монструм од Белград ги шокира и најврвните експерти со своите изјави – сите се запрепастени од тоа што го зборува!
Момчето-монструм (13 г.) кое на 3. мај го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога со пиштолот на татко му уби деветмина свои соученици и еден училишен чувар, употребува чудни и стручни изрази и зборови, кои не доликуваат на дете на негова возраст, открива добро упатен извор за српскиот весник Курир.
Според неименуваниот извор, момчето изговарало поими кои ни некои возрасни не ги знаат, а камоли децата на негова возраст.
„Малолетниот масовен убиец се наоѓа во психијатриска клиника во Белград, каде е под надзор на докторите и полицијата, кои ја обезбедуваат клиниката. Во разговорот со експертите тој изговара зборови кои се чудни за едно момче. На пример, не вели апсење, туку лишување од слобода, а наместо да убие вели ‘елиминација на жртвата’. Кога зборува за оружје, ги користи зборовите калибар, ги знае речиси сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се тие, која муниција со кое огнено оружје оди“, објаснува изворот упатен во случајот и додава:„Исто така, вели дека се ‘разоружал себеси’, а не ‘го спуштив пиштолот’ или ‘го оставив пиштолот’, што би било соодветно за дете, па дури и за човек што не се занимава со оваа професија. Наместо да каже ‘пукав’, тој вели ‘отворив оган’. Тоа е сосема нетипично за дете“.
Според изворот на српски Курир, кога слушнал дека татко му е уапсен, момчето рекло дека се надева дека добро ќе го третираат.
„Го кажа зборот ‘чин’, кој најмногу го користат луѓе кои работат во затвори, инспектори или полицајци. Ретко кога човек ја користи оваа терминологија во секојдневниот говор, а децата практично не ни знаат што значи тоа“, наведува изворот и напоменува дека психолозите и луѓето кои се во контакт со овој седмоодделенец од основното училиште „Владислав Рибникар“ биле шокирани и кога тој рекол дека „сака неговите родители да инвестираат пари во индексни фондови“.
„Прашање е колку деца воопшто знаат што се и за што служат индексните фондови, а колку деца, па и возрасни се занимаваат со таа тема“, рекол соговорникот на српски Курир.
Да потсетиме, експертите од соседството претходно изјавија дека ученикот осомничен за масакрот во училиштето има однесување на возрасен.