“ТОЈ МУ ГИ ЗГАСНА СИТЕ СОНИШТА!“ – едно од момчињата кое ги уби монструмот Коста К. бил вистински виртуоз и ретко виден талент: “Тие беа најдобри пријатели…“

А.Ч. во март годинава наполнил 14 години, а на 3. мај, кога заминал на училиште по првомајските празници, не можел ни да се посомнева дека Коста К., неговиот школски другар, ќе реши да го убие заедно со уште седум ученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ.

Според пишувањата на весникот Blic.rs, А.Ч. бил еден од најталентираните ученици на основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар и добитник на повеќе награди на државни и меѓународни музички натпревари.

Добитник е и на специјална награда за изведбата на композицијата „Burgmuller Etude D major“ во 2019 година.

А.Ч. настапил на повеќе концерти и учествуваше на меѓународниот натпревар „Виртуози V4+, свириме на заеднички јазик“.

Бил одличен ученик, имал највисоки оценки по речиси сите предмети. Покрај музиката, сакал јазици, математика и спорт. Тренирал тенис, а се занимавал и со фотографирање и правење интересни видеа, кои ги монтирал со интересна музика.

А.Ч., кој на 6-годишна возраст почнал да свири пијано, пред еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоције“, со која победил на 28-от национален музички натпревар „Детски композитори, ФЕДАМУС 2023“.

На Републичкиот натпревар на музичките и балетските училишта на Србија во 2022 година, во дисциплината пијано, категорија II (2009), А.Ч. ја освои втората награда со презентирање на многу напорна програма.

Во оваа прилика, училиштето каде А.Ч. учел јавно му го честитале успехот.

Му честитаме и му посакуваме уште многу награди во иднина“, изјавиле тие тогаш.

На социјалните мрежи пријателите и познаници се збогуваат со трагично починатото момче. Во низата потресни пораки што ги оставаат, соучениците тврдат дека А.Ч. и Коста К. биле најдобри пријатели.

Началникот на полициската управа за град БелградВеселин Милиќ на прес-конференција кажа дека Коста К. го планирал масакрот еден месец претходно и дека имал список со деца кои планирал да ги ликвидира.

Тој самиот го одработил планот за влез и излез од училиштето и ги утврдил приоритетните цели. Точно планирал како кое дете ќе го ликвидира“, кажа Веселин Милиќ на прес-конференцијата по масакарот.