Тој најави војна со пушката на рамо: Иранскиот лидер испрати застрашувачки пораки на јавна молитва, еве што кажа! (видео)
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ја водеше молитвата по четири години, ја држеше со пушка покрај себе како што налага традицијата и најави напад врз Израел доколку е потребно.
– Непријателот на Иран е ист како непријателот на Палестина, Либан и другите муслимански народи. Нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври беше легитимен чин. Исто така, брилијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна. Иран повторно ќе го нападне Израел ако биде потребно – рече Хамнеи.
Тој додаде дека Палестинците имаат законско право да се бранат.
– Израел никогаш нема да ги победи Хамас и Хезболах. Народот на Палестина има право да застане за себе, да се спротивстави на криминалците и да се брани од непријателот кој ја зазеде нивната земја. Не постои суд или меѓународна организација што може да го обвини палестинскиот народ дека едноставно ја брани својата татковина – рече Али Хамнеи.