Тој не верува во Англичаните! Легендата на Јунајтед се огласи пред пресметката со Србија: Невил откри која е најголемата маана на Гордиот Алабион!

Познатиот англиски фудбалер Гери Невил смета дека одбраната е најголемиот проблем на репрезентацијата на Англија.

Иако многумина ја гледаат Англија како најголем фаворит за освојување на титулата европски првак, легендарниот ас не е преголем оптимист.

Одбранбената линија на „Гордиот Албион“ не влева доверба кај Невил.

Марк Гуехи, стоперот кој најверојатно ќе биде во стартниот состав за мечот против Србија, нема искуство на ова ниво.

„Тој е интересен, млад играч. Но, кога размислувате за освојување турнир… Мора да бидете силни во одбраната за да стигнете до крајот, освен ако овој турнир не донесе нешто што претходните не го донесоа“, вели Невил, додавајќи :

„Голема грижа…“

Тој се осврна и на натпреварот со Србија.

„Србија ќе бара длабочина, мора да се обидеме да ги „отсечеме“. Можам да видам зошто ќе играат со Трент. Она што тој го прави е да му дозволи на Кајл Вокер да остане зад како трет стопер, што го направи во Манчестер Сити во поголемиот дел од сезоната, а потоа Трент може да оди напред по десната страна“, рече Невил.