Синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на Армијата, Гади Ајзенкот, е убиен во борбите во Појасот Газа, потврди денес лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.
Израелската Армија не соопшти конкретни детали за смртта на Гал Ајзенкот (25 г.), освен дека тој бил убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа, објави медиумската агенција Reuters.
„Заедно со цел Израел ја испраќам мојата поддршка до Гал Ајзенкот и целото негово семејство. Сите ние сме посветени да продолжиме да се бориме за светата кауза за која умре Гал Ајзенкот“, порача Бени Ганц.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, испрати телеграма со сочувство на Гади Ајзенкот. Бени Ганц и партијата ѝ се придружија на Владата веднаш откако Хамас го нападна јужен Израел на 7. октомври.