ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА – 6-годишно момче се удавило на плажа во познато одмаралиште: Детето го извлекле од водата во бессознание и немало како да се спаси

6-годишно дете починало претходниот ден, попладне, на плажата „Мегало Кавуриу“ во Атика, Грција.

Телото на момчето било извлечено од морето и веднаш било пренесено во болница каде докторите, за жал, можеле само да констатираат смрт.

Според првичните информации момчето било на плажа со родителите кои по трагедијата биле приведени. Тие се товарат за кривично дело загрозување на дете.

Засега не е познато како дошло до трагедијата, а наредена е обдукција.