Трагедија во Кочани: Безживотно тело на млад човек пронајдено во стан

МВР соопшти трагична вест. Тие информираа дека во стан во Кочани пронашле безживотно тело на млад човек.

На 05.07.2023 година околу 18.45 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека во стан во Кочани, бил пронајден починат Д.З.(32) од Кочани, кој бил потстанар, пишува Курир.

Од страна на лекар била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.