Трагедија во Кочани: Четворица пациенти кои се лекуваа во Бугарија се враќаат во земјава

Речиси четири недели по трагедијата во Кочани продолжува лекувањето на повредените. На лекување и рехабилитација во странство остануваат вкупно 64 пациенти.

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од болницата Пирогов во Софија, Бугарија, а исто толку остануваат таму на лекување.

„Денеска во текот на денот се вратија четворица пациенти од лекување во болницата Пирогов во Република Бугарија. Во моментов пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација за да се обезбеди соодветно понатамошно лекување на повредените“, соопшти Министерството за здравство.

Родителите на повредените во страотниот пожар во Кочани, кои денеска беа пуштени на домашно лекување, се заблагодарија на Бугарија, на бугарскиот народ и на сите крводарители и изразија надеж дека повредените кои останаа хоспитализирани наскоро ќе можат да се вратат во своите домови.

Во пожарот што избувна на 16 март во таканаречената дискотека „Пулс“ беа повредени околу 200 лица, а бројот на загинати достигна 61. Некои од повредените се префрлени на други места на лекување.