Двојно убиство вечерва го потресе Кратово. Жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор, а истата е приведена во полициска станица.
Како што објавија дел од медиумите, причина за двојното убиство била семејна кавга. На терен е јавен обвинител, полиција и брза помош, дознава Курир.
Се врши увид на лице место, се собираат траги за докази по крвавиот злочин.