Трагедија во Сирија! Најмалку шест лица загинаа кога автобус излетал од патот во река: Претежно тоа беа деца!
Најмалку шест лица, од кои повеќето деца, се удавија денеска кога училишен автобус излетал од патот во река во северозападна Сирија .
Автобусот паднал во реката Оронтес, соопшти локалната организација за цивилна одбрана позната како Бели шлемови, пренесува АП.
Како што е соопштено, сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.
Тоа е последната трагедија што ја погоди областа, која веќе е тешко погодена од сириската граѓанска војна и разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и северна Сирија минатата година.