ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА – Бебе починало од изгореници добиени од топла вода, а деталите за несреќата се страшни
Според првите неофицијални информации, 25-годишна мајка со иницијали С.Н. во неделата нешто по 20 часот го однела своето онесвестено дете со изгореници опасни по живот во Ургентниот центар во Ваље, пишува српскиот весник Blic.rs.
По повеќе од еден и пол час обиди за реанимација и напорите на докторите и медицинските сестри во Ургентниот центар, починало 8-месечно бебе.
Како што објавија соседните медиуми, трагедијата најверојатно се случила кога 4-годишното момче во момент на отсуство на мајка му од бањата испуштил топла вода во кадата додека во неа била неговата 8-месечна сестра. Трагедијата се случила во семејство со четири малолетни деца.
Истрагата за оваа трагедија е во соседна Србија е во тек, пишува Blic.rs.