Трагедија во Турција! Хеликоптерот се сруши во болница, има мртви!

Хеликоптерот на турската брза помош за време на тренажен лет се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападот на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, јавија денеска турските медиуми.

Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија . Се претпоставува дека до несреќата дошло поради густа магла.

Хеликоптерот за брза помош, кој е на Министерството за здравство, најпрво се урнал на горниот кат од болницата во квартот Ментеше во Мугла, а потоа паднал во празен простор во близина на објектот. На местото на несреќата веднаш биле испратени бројни спасувачки екипи.

Според неофицијални информации, загинале двајца пилоти, еден лекар и еден член на медицинскиот персонал.