Трагедија! Девојче починало на одмор во Грција од алергиски шок – Брзата помош доцна реагирала

Шеснаесетгодишно девојче почина на Халкидики, Грција од анафилактичен шок откако јадеше храна во локална самопослуга.

Според oraiokastro24.gr, девојчето било на одмор на Касандра. Детето доживеало интензивна алергиска реакција. Брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе било доцна, пишува Прототема.

Како што пренесува oraiokastro24.gr, девојчето наводно прашало дали некоја храна содржи супстанца што и’ е забранета, бидејќи е алергична. Продавницата наводно одговорила негативно, а 16-годишникот ја консумирал храната, што довело до алергиски шок.

Случајните минувачи веднаш ја повикале итната помош, која, според локалните медиуми, пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, а погребот на несреќното девојче ќе биде утре во Ореокастро.