Трагедија на езеро – скокнале да ги спасат децата на кои им се превртел чамецот, но двајцата мажи се удавиле
Таткото на малолетното дете М.Ц.(33) и човекот кој му пришол напомош С.С.(34) се удавиле во езерото Сот кај српскиот град Шид, откако се превртел гумениот чамец.
Како што потврди потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ, во гумен чамец се возеле М.Ц, неговата 9-годишна ќерка, како и две други деветгодишни деца кога чамецот се превртел.
С.С.(34) од Нова Пазова, Д.Р.(34) од Земун и Р.Л.(38) потоа скокнале во езерото за да им помогнат на мажот и на децата од чамецот.
За жал, две лица се удавиле – лицето кое управувало со чамецот М.Ц, како и С.С. кој дошол напомош.
Едното дете, ќерката на удавениот испливала сама на брегот, а другите две деца биле спасени.
Полицијата трага по телата на удавените лица.