Трагедија на младински турнир: Млад фудбалер (15) почина како последица на тепачка на теренот

Млад фудбалер (15) починал во болница како последица на ударите добиени во тепачка на натпревар на меѓународниот младински турнир во Франкфурт. На натпреварот помеѓу неговиот тим и противничкиот тим настанала општа тепачка и тој добил смртоносен удар во главата.

На младиот фудбалер го удрил 16-годишен играч на француски клуб, нанесувајќи му тешки повреди во главата и мозокот.

Младиот фудбалер се борел за живот, но по неколку дена поминати во болница и голема борба почина.

Франкфуртската полиција најави дека во наредните денови ќе биде објавена обдукција, додека напаѓачот кој го нанесе смртоносниот удар ќе остане во притвор.

Тепачката меѓу момчињата на Берлин и француската екипа се случила по натпреварот во неделата, а полицијата во моментов сè уште ги истражува сите околности, а од сведоците и луѓето кои имаат снимки побарале да дојдат и да ги предадат на полицијата и да дадат изјави, пренесува „Телеграф“.