ТРАГЕДИЈА НА ОДМОР! СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ИСПИЕ СИТЕ КОКТЕЛИ ОД МЕНИТО НА ХОТЕЛОТ: ПОТОА ВЛЕГЛА МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И НАПРАВИ КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА

Британец почина откако се разболе од премногу коктели.

53-годишен маж од Британија починал на одмор во Јамајка откако се обидел да ги испие сите 21 коктел од менито во барот. Тимоти Саутерн почина во мај 2022 година, откако го прифати предизвикот да пие алкохол во хотелски бар покрај базен.

53-годишникот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата. Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба.

– Беше на грб и се гушеше. Го ставив во положба за опоравување, повраќаше, барав помош, викав како се вика… – вели роднината.

Кога пристигнала медицинската сестра, очекувале да се грижат за пациентот и да го однесат во болница, но тоа не се случило.

– Забележав дека почна да се лади. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Го погледнав во лицето и помислив дека починал. Викав: не седи само да го гледаш, почни со реанимација – вели роднината.

Според него, направена е само компресија на градниот кош.

– Можеби да знаеше што прави, можеби тој сепак ќе беше тука. Лоша била услугата и третманот што го добил – тврди роднината.

Истрагата утврдила дека Тимоти веќе пиел ракија и пиво наутро кога сретнал две Канаѓанки кои се обидувале да го завршат предизвикот 21 коктел пред полноќ за да прослават еден од нивните родендени .

Патолог од Кингстон, Јамајка, ја навел причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“.

По неговата смрт, семејството собрало речиси 10.000 фунти на GoFundMe за да го вратат во Британија откако дознале дека осигурувањето за одмор што мислеле дека го има преку неговата банка всушност не ги покрива трошоците.