Комичарот Герет Ричардс почина вчера, откако пред десет дена доживеа страшна сообраќајна несреќа.
Гарет се бореше за живот во болница по несреќата која ја имаше на 27 март.
Неговата сопруга Лаура ја потврди тажната вест дека тој починал поради сериозни повреди на мозокот.
– Со голема тага морам да споделам дека Гарет почина на Велики петок, 7 април во 6:30 часот. Чудо е што успеа да стигне до болница жив. Лекарите и медицинските сестри беа неверојатни и го одржуваа стабилен под седација. Сепак, последното скенирање покажа дека штетата од повредите е огромна и тој почина – напиша Лаура.
Ричардс имаше само 41 година. Зад себе ја остави сопругата Лаура и две деца.
Деталите за погребот сè уште не се познати. Членовите на семејството се збогуваат со Гарет, но и бројни колеги комичари испратија зборови за поддршка.