Трамвај влета во продавница за компјутери во центарот на Осло

Трамвај влета во продавница за компјутери во центарот на Осло, при што се повредени четири лица. Во моментот на несреќата, во трамвајот имало 20 патници.

Полицијата кажа дека четирикатната зграда била евакуирана, со цел да се испита за структурални оштетувања.

Снимките од местото на несреќата покажуваат дека голем дел од првиот вагон на трамвајот е навлезен во продавницата, откако тој излетал од шините на една од главните улици во Осло.

„Се испитуваат размерите на несреќата, но има големи штети во продавницата. Меѓу повредените е и возачот на трамвајот“, кажа полицијата.

Причините за несреќата засега не се познати. Никој од повредените не е во тешка состојба.