Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека европските лидери се „одлични луѓе кои сакаат да видат постигнат договор“ во Украина.
Зборувајќи пред телефонскиот разговор со Володимир Зеленски и други лидери од Европа, Трамп ја бранеше својата претстојна средба со Владимир Путин во Алјаска.
Објавувајќи на Truth Social, тој ги нападна новинарите кои, според американскиот претседател, тврдат дека „Путин веќе победил“, пренесува Телеграф.

„За што се работи? Победуваме во сè. Лажните вести работат прекувремено“, рече тој.
„Ако ги ослободев Москва и Ленинград како дел од договорот со Русија, лажните вести би рекле дека сум склучил лош договор“, додаде Трамп.