Трамп: Бајден беше најлошиот претседател, дозволи милиони криминалци да влезат во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска повтори дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е најлошиот претседател во американската историја и дека дозволил милиони криминалци да влезат во земјата.

„Заспаниот Џо Бајден, најлошиот претседател во историјата на САД, им дозволи на милиони и милиони криминалци, од кои многумина се убијци, дилери на дрога и луѓе ослободени од затвори и ментални институции ширум светот, да влезат во нашата земја преку неговата многу опасна и лошо замислена отворена граница“, напиша Трамп на својата платформа Вистина (Truth Social).

Тој се извини, но рече дека негова работа е да ги избрка тие убијци и хулигани од САД.

„За тоа сум избран. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп.