– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека повторно ќе ги врати забраните за патување и ќе спроведе „идеолошки скрининг“ за имигрантите доколку биде реизбран во Белата куќа во 2024 година.
„Ќе спроведам детален идеолошки скрининг на сите имигранти“, порача Трамп за време на митингот во Дери, Њу Хемпшир.
„Ако ја мразите Америка, ако сакате да го поништите Израел, ако не ви се допаѓа нашата религија – што на многумина од нив не им се допаѓа – ако сте симпатизери на џихадистите, тогаш не ве сакаме во нашата земја и вие не влегувате“, рече тој.
Во текот на натамошното обраќање Трамп продолжи со нападите против претседателот Џо Бајден заради „неспособноста“ и за ставањето на Америка на последно место.
Тврдејќи дека милиони илегални мигранти влегле во САД под администрацијата на Бајден, тој ги повтори своите планови за нивна депортација.
„Ние сме како депонија и никој не презема ништо за тоа. А ќе сортираме долго време, но ќе ги извадиме по ѓаволите одовде“, додаде тој.
Во врска со конфликтот во Газа, Трамп рече дека одговорноста за сегашниот пресврт на Блискиот Исток е на администрацијата на Бајден.