Според последните анкети, поранешниот американски претседател Доналд Трамп води пред актуелниот претседател Џозеф Бајден во пет држави пред претседателските избори во 2024 година.
Се очекува демократите да му дадат поддршка на Бајден како актуелен претседател кој ќе се бори за втор мандат.
Последните анкети на Њујорк тајмс и колеџот Сиена, објавени денеска, покажуваат дека Трамп води со 10 поени пред Бајден во Невада, шест во Џорџија, пет во Аризона, пет во Мичиген и четири во Пенсилванија.
Бајден го победи Трамп само во една од државите вклучени во истражувањето, Висконсин, пишува USA Today. Истражувањето покажа дека популарноста на Бајден меѓу групите гласачи кои ја поддржаа неговата победа, како што се гласачите помлади од 30 години, опаѓа.
Анкетата на Њујорк Тајмс и колеџот Сиена беше спроведена од 22 октомври до 3 ноември и вклучи одговори од 3.662 регистрирани гласачи.