ТРАМП ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Поднесе тужба за клевета – ова се неговите барања

Адвокатката на Керол, Роберта Каплан, рече дека тужбата на Трамп не е „ништо повеќе од неговиот последен обид да избегне одговорност“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против Е. Џин Керол, тврдејќи дека таа лажно го обвинила за силување , иако поротата во граѓанско судење потврди дека Трамп сексуално ја нападнал Керол .

Тужбата на Трамп против поранешната колумнистка на списанието Ел, поднесена во вторникот пред федералниот суд на Менхетен, доаѓа по невообичаената пресуда на поротата во мај оваа година, во која се тврди дека Трамп сексуално ја нападнал и експлоатирал Керол, но не ја силувал, пренесува Ројтерс .

Трамп бара повлекување на тужбата, како и неодредена компензација и казнена отштета, но адвокатката на Керол Роберта Каплан рече дека тужбата на Трамп не е „ништо повеќе од неговиот последен обид да ја избегне одговорноста“.

– Доналд Трамп повторно тврди, спротивно на логиката и фактите, дека поротата го ослободила, иако поротата утврдила дека тој сексуално ја нападнал поранешната колумнистка на магазинот „Ел“, Жан Керол – објави Роберта Каплан.