Трамп го избра Дејвид Финк за администратор на Федералната управа за железници
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го избрал Дејвид Финк за администратор на Федералната управа за железници (FRA).
– Дејвид ќе ги донесе своите 45 плус години лидерство и успех во транспортот, што ќе ја доведе FRA во нова ера на безбедност и технолошки иновации – напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесе Ројтерс.
Трамп официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари 2025 година по церемонијата на инаугурација.