Доналд Трамп уште еднаш отворено ги обвини Володомир Зеленски и „корумпираниот Џо Бајден“ за започнување на војната во Украина. Трамп додаде дека Путин го почитувал за време на неговиот прв мандат.
Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Само што пристигнав и за време на моите четири години на функција немаше проблем да се спречи тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател!
Немам никаква врска со оваа војска но работам на тоа навремено да се запре смртта и уништувањето. Да не беа наместени претседателските избори во 2020 година, како што беа, на толку многу начини, таа страшна војна никогаш немаше да се случи.
Претседателот Зеленски и непријателскиот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи тоа воопшто да започне. Но, тоа е минато. Мораме да го запреме сега, што побрзо. Ова е жалмо, напиша Трамп.

Трамп: Верувам дека Русија по грешка истрела проектили кон центарот на градот
Две руски балистички проектили вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп.
Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен.
Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка. Но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека самиот почеток на таа војна беше злоупотреба на моќта. Соединетите држави никогаш немаше да дозволат таа војна да започне ако јас бев претседател. Таа војна е срамота, им рече тој на новинарите на Air Force One на враќање во Вашингтон.
Запрашан да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… ќе мора да ги прашате“, без да прецизира на кого точно се мисли или за каква грешка се работи, пренесе агенцијата Франс прес.
„Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Џо Бајден, додавајќи: „Само се обидувам да ја прекинам оваа војна за да можеме да спасиме многу животи“.