Трамп и Путин доаѓаат во оваа земја?! Веста ја потресе планетата: Се понудија да организираат историска средба!

Швајцарија изрази подготвеност да организира средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на која ќе се разговара за украинскиот конфликт, доколку двете страни го побараат тоа, пишува Ле Тан, повикувајќи се на изјавата на Николас Бидо, шеф на службата за информирање на швајцарското Министерство за Надворешни работи.

– По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме сите дипломатски напори кои придонесуваат за постигнување мир – рече Бидо.

Во петокот Трамп им потврди на новинарите дека работи на организирање средба со Путин.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков нагласи дека Трамп само одговорил на хипотетичко прашање, но не соопшти конкретни детали.

За време на предизборната кампања, Трамп постојано ветуваше дипломатски ќе го реши украинскиот конфликт и тврдеше дека може да постигне договор за еден ден.

Москва, сепак, не верува дека решението ќе биде толку едноставно.

Во декември Владимир Путин рече дека е подготвен да разговара со Трамп, истакнувајќи дека двајцата лидери ќе имаат многу за разговор.