Трамп и Путин ќе разговараат пред посетата на Зеленски на Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ќе има телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин за да разговара за ситуацијата во Украина.

Ова го соопштил извор запознаен со плановите на Трамп, пренесува Телеграф.

Според странските медиуми, разговорот ќе се одржи пред средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Според изворот, главни теми на разговор ќе бидат перспективите за мировни преговори и евентуалното снабдување на Украина со ракети „Томахавк“ со долг дострел.

Претходно, Трамп истакна дека го предупредил Зеленски за можноста да му постави нов ултиматум на Путин: или Москва ќе седне на сериозни преговори, или Киев ќе добие модерни ракети.

Белата куќа сè уште не го коментираше планираниот разговор, но експертите нагласуваат дека иницијативата на Трамп би можела да стане клучна фаза во дипломатската стратегија на САД за решавање на војната во Украина.

Во меѓувреме, во интервју за „Фокс њуз“ во неделата, Зеленски сигнализираше дека успехот на Трамп во преговорите за прекин на огнот во Газа му дава уште поголема доверба дека може да се постигне мир меѓу Русија и Украина.

И посакуваната Нобелова награда за мир на Трамп би можела да дојде следно, рече тој.

„Но, ако тој го стори тоа, се надевам дека е така и нека го благослови Бог да може да го стори тоа, секако во овој случај ние ќе го номинираме и ќе бидеме горди да му честитаме“, рече Зеленски.