Доналд Трамп повторно изјави дека ќе постигне мир во Украина, за американскиот медиум Си-Би-Ес изјави: „Ќе постигнеме мир“.
И покрај недостатокот на опиплив напредок од неговиот самит во Алјаска со Владимир Путин пред три недели, американскиот лидер рече: „Го видов тоа, го видов и разговарав за тоа со претседателот Путин и претседателот Зеленски“.
„Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени“, рече Трамп, пишува Скајњуз .
„Но нешто ќе се случи. Ќе го направиме тоа.“
Претходно синоќа, додека беше домаќин на полскиот лидер во Белата куќа, Трамп упати ново предупредување до Путин, велејќи дека „ќе видите како ќе се случуваат работи“ ако САД се незадоволни од одлуките на Путин за војната.
Американскиот претседател е разбирливо фрустриран од недостатокот на напредок од самитот во Алјаска.
Владимир Путин сè уште не се согласил на билатерални разговори со Володимир Зеленски, за кои Трамп рече дека ќе бидат договорени, а вчера во Пекинг посочи дека би бил спремен да се сретне со него само ако дојде во Москва, што Киев го отфрли.