Трамп: Ми ѕвонат, ми го лижат задн*кот, тие прават сè за да постигнат договор

Неколку часа пред да стапи на сила новиот тарифен пакет, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати пред Националниот републикански конгресен комитет.

Тој се пофали со бројот на земји кои го контактирале обидувајќи се да постигнат договор за намалување на царините

„Овие земји ми ѕвонат, ми го лижат задни*от. Тие умираат да склучат договор“, рече Трамп.

„Ве молам, ве молам, господине, да се договориме. Ќе направам сè“, го имитира Трамп наводното однесување на тие земји. Тој повтори дека е во право, а другите грешат во однос на опасностите од примената на тарифите.

– По ѓаволите, знам што правам. Портпаролката на Белата куќа претходно објави дека телефоните „ѕвонат без престан“ и дека дури 70 земји изразиле желба за договор. 

Некои републиканци се свртеа против Трамп?

Аксиос вчера објави дека најмалку десетина републиканци во Претставничкиот дом размислуваат да поддржат нацрт-закон со кој американскиот Конгрес ќе бара да ги одобри тарифите во рок од 60 дена или тие автоматски ќе бидат укинати. 

„Гледам некој бунтовен републиканец, некој човек кој сака да каже: „Мислам дека Конгресот треба да ги преземе преговорите“. „Да ви кажам, вие не преговарате како што јас преговарам“, рече Трамп. 

„Само што го видов тоа денес, неколку ваши конгресмени. Тие мислат дека треба да се вклучат во преговорите за тарифите. О, само ми треба тоа, ми треба некој човек да ми каже како да преговарам“, саркастично рече Трамп.