Трамп му се закани на Путин со санкции! Американскиот претседател ја повика и Кина, вршејќи притисок врз Си да интервенира во Украина – „Тој има многу моќ“ (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку нејзиниот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина.

Трамп не образложи за можните дополнителни санкции.

Гласот на Америка потсетува дека САД веќе строго ја санкционираа Русија за нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Трамп рече дека неговата администрација исто така размислува да испрати оружје во Украина, додавајќи дека верува оти Европската унија треба да стори повеќе за да ја поддржи Украина.

„Разговараме со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе разговараме со претседателот Путин многу наскоро“, рече Трамп.

Трамп рече дека извршил притисок врз кинескиот претседател Си Џинпинг да интервенира за да ја запре војната во Украина:

„Не направи многу за тоа. Разговаравме за тоа. Тој е многу моќен човек.”