Трамп наметнува царини од 25 отсто за автомобили кои не се произведени во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ефективно ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведуваат во земјата.

„Но, ако го произведувате вашиот автомобил во Соединетите држави, нема тарифи“, рече Трамп, според Ројтерс.

Тој нагласи дека тарифите за автомобилите се постојани, посочи дека сопственикот на Tesla, Илон Маск, никогаш не барал услуга и изјави дека тарифите би можеле да бидат „неутрални за Tesla“.

Трамп во понеделникот најави дека може да објави царини за увоз на автомобили веќе оваа недела, бидејќи неговата администрација работи на поголем пакет „реципрочни тарифи“ што ќе погодат голем број земји на 2 април.

Тој тогаш рече и дека во одреден момент „во не така далечна иднина“ ќе објави царини и за фармацевтските производи.