Трамп направи нов гаф: Азербејџан стана „Абербајџан“, а Ерменија стана Албанија

Американскиот претседател Доналд Трамп направи нова гаф за време на интервјуто со конзервативниот радио водител Марк Левин, зборувајќи за конфликтите за кои тврди дека ги прекинал.

Осврнувајќи се на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, кој беше завршен со мировен договор потпишан во Белата куќа, Трамп погрешно го изговори името на едната од земјите, додека другата ја помеша со сосема друга земја.

„Видовте што се случи со Азербејџан. Тие имаа конфликт од 30, 35 години со Албанија“, рече Трамп.

Претходно денес, американскиот претседател изјави дека Крим е со големина на Тексас, иако тоа е исто така сосема погрешно.

Патем, поради слични гафови, Трамп постојано го критикуваше својот претходник Џо Бајден во претходните четири години, кого го нарекуваше некомпетентен за функцијата претседател, обично поврзувајќи го тоа со такви изјави.

Сепак, откако ја презеде Белата куќа во јануари оваа година, па дури и пред тоа, Трамп даде голем број слични гафови, како и други бизарни изјави.