Трамп најави продажба на документи за постојан престој за 5 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД наскоро ќе почнат да продаваат документи за постојан престој во вредност од „околу пет милиони долари“, наречени „Златни карти на Трамп“, по моделот на зелените картони.

„Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на оваа картичка“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

„Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, додаде Трамп.