Трамп објави видео од апсењето на Обама со вештачка интелигенција (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео генерирано со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, на кое се гледа апсењето на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Видеото ги прикажува Трамп и Обама како седат и се смеат во Белата куќа, пред агентите на ФБИ да влезат во собата, да го соборат Обама на земја и да му стават лисици. Следната сцена го прикажува Обама како шета низ ќелијата во својата портокалова затворска униформа.

,,Никој не е над законот“, рече Трамп.

Габард се заканува дека ќе ги гони соработниците на Обама

Соопштението на Трамп дојде откако директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, се закани дека ќе ги гони службениците на администрацијата на Обама, обвинувајќи ги за смислување „предавничка завера“ за да ја прикажат претседателската победа на Трамп во 2016 година како резултат на руско вмешување.

Таа предупреди дека Обама и високите функционери во неговата администрација „поставиле темели за повеќегодишен државен удар“ против Трамп по неговата победа над Хилари Клинтон.

„Фокс њуз“ неодамна објави дека поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се под истрага за наводни злоупотреби поврзани со минатите владини истраги за тврдењата за руско мешање во изборите во САД.

Разузнавачките агенции во 2017 година проценија дека „целите на Русија биле да ја поткопаат довербата на јавноста во американскиот демократски процес, да ја дискредитира Хилари Клинтон и да ја нарушат нејзината изборност и потенцијалното претседателствување“.