Трамп откри кој би можел да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина! Ова име ќе ве изненади, тука ќе се одлучи крајот на војната! (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и првиот човек на Русија, Владимир Путин, денес разговараа телефонски повеќе од два часа, а сега е откриено каде би можеле да се одржат преговорите.

По разговорот, Трамп објави и откри преку мрежата Truth Social дека Ватикан е заинтересиран.

– Ватикан, претставуван од Папата, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот – рече Трамп.

Папата Лав XIV се изјасни за ова прашање минатата недела.

– Со рака на срце, им се обраќам на водачите на народот: ајде да се сретнеме, ајде да разговараме, ајде да преговараме! Војната никогаш не е неизбежна, оружјето може и мора да се замолчи, бидејќи тоа не ги решава проблемите, туку напротив ги влошува – рече Папата само една недела по изборот.

Европските и американските лидери ја поздравија подготвеноста на папата Лав XIV. да биде домаќин на преговори меѓу Русија и Украина во Ватикан, откри италијанскиот премиер Џорџa Мелони.

Канцеларијата на премиерот потврди дека европските лидери, вклучувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, разговарале со Доналд Трамп по неговиот телефонски разговор со Владимир Путин.

Во соопштението од нејзиниот кабинет се вели:

„Во тек се подготовки за итно започнување на преговорите меѓу страните, што би можело да доведе до прекин на огнот што е можно поскоро и да создаде услови за праведен и траен мир во Украина. Во овој контекст, позитивно беше оценета подготвеноста на Светиот Отец да биде домаќин на преговори во Ватикан. Италија е подготвена да придонесе за олеснување на контактите и да работи за постигнување мир.“