Трамп повторно го шокира светот! Ги паузира тарифите за сите земји на 90 дена: За Кина +125

Тарифите за кинеската стока увезена во САД ќе изнесуваат дури 125 отсто, објави американскиот претседател Доналд Трамп, а пренесува Би-би-си.

„Во одреден момент, се надевам дека во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на киднапирање на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи“, напиша американскиот претседател на платформата за социјалните медиуми Truth Social.

Тој најави и дека некои нови царини ќе бидат суспендирани на 90 дена.

Трамп овие одлуки ги соопшти со објава на социјалната мрежа.