Трамп повторно се заканува: ,,Мора да го имаме Гренланд! Ако Данска и Европа не го разбираат ова, ќе мора да им објасниме!” (ВИДЕО)
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд додека претседателот Доналд Трамп продолжува да инсистира Вашингтон да ја преземе контролата врз оваа полуавтономна данска територија.
Џ.Д.Венс одржа говор во воената база во Питуфиќ. Тој рече дека „многу Американци се прашуваат зошто Гренланд е толку важен“ и зошто е важна мисијата на американската база таму.
„Ако беше истрелан проектил од непријателска земја кон Соединетите држави, луѓето овде пред нас ќе ги информираа нашите храбри мажи и жени на југ во Соединетите држави за да знаат што доаѓа“, рече тој.
Додека Венс е на Гренланд, Трамп во Белата куќа рече дека Америка „мора да го има Гренланд“ за глобална безбедност.
„ Ни треба Гренланд. Тоа е многу важно, за меѓународната безбедност, мора да го имаме Гренланд. Не е прашање дали мислите дека можеме без него. Не можеме “, рече тој.
Трамп тврди дека контролата на Гренланд е прашање на мир „за целиот свет“, а не само за САД:
– Погледнете го тоа, насекаде имате воени бродови кои минуваат покрај Гренланд. Нема да дозволиме тоа да се случи.

Тој рече дека верува оти Данска и Европската унија ја разбираат неговата позиција за важноста на територијата и предупреди:
„И ако не разберат, ќе мора да им објасниме.”
Трамп изјави и дека Русија и Кина се заинтересирани за арктичките премини.
„Мораме да се погрижиме Америка да води на Арктикот.
Трамп ја критикуваше Данска и рече дека „околната област е помалку безбедна отколку што беше пред околу 40 години, бидејќи сојузниците не се задржаа“.