Трамп продолжува да сее финансиски хаос низ светот: Цената на златото отиде на 3100 долари!

Цените на златото надминаа 3.100 долари за унца поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и поради континуираната побарувачка од централните банки.

На физичкиот пазар унца злато попладнето вредеше 3.117,29 долари, што е зголемување за 1,1 отсто во однос на крајот на тргувањето во петокот. Цената накратко достигна 3128,06 долари.

И на фјучерс пазарот во Соединетите Американски Држави златото денеска се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена, по 3.151,10 долари за унца.

Од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. Во текот на 2024 година, цените скокнаа за околу 27 отсто, поттикнати, меѓу другото, и од побарувачката од централните банки. Поскапувањето во последно време дополнително го поттикнаа и најавите за американски царини.

Трамп се подготвува да воведе реципрочни царини

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе реципрочни царини за сите земји кои ги оданочуваат американските стоки во среда, додека тарифите за увоз на автомобили треба да стапат на сила во четврток.Трамп и светот

„Бранот на побарувачка за злато ја одразува загриженоста на инвеститорите за царините. Се стравува дека (наметнувањето) ќе го ограничи економскиот раст“, ​​објаснува Нитеш Шаг од WisdomTree, додавајќи дека овие стравови ги поддржуваат цените на благородни метали, пренесува Index.hr .

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на средствата за време на периоди на зголемена политичка и економска нестабилност, како и да ги ублажат ефектите од ниските каматни стапки. Централните банки исто така се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да обезбедат резерви во периоди на геополитичка и економска тензија.

Цената на среброто сепак падна за 0,4 отсто на физичкиот пазар на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8 отсто на 991,55 долари и 979 долари за унца.